Учевме за поларните мечки и белуга китовите

Преку програмата Skype in the classroom се вклучивме во лекцијата за поларните мечки и белуга китовите. Учениците научија каде живеат овие животни, со што се хранат, дали се мирољубиви животни.

Исто така имаа можност и да се запознаат со истражувачи кои ги проучуваат овие животни.

 

Zoom инструкции

Наставниците може дa ja користат апликацијата Zoom за реализација на своите часови. Во прилог се неколку видеа со инструкции како се користи zoom.

Инсталирање на zoom

 

 

Закажување на час

Споделување на екранот со учениците

Онлајн часови програмирање во време на пандемија

Во периодот од март – јуни 2020 кога сите учениците од дома следеа настава многу организации нудеа интересни часови со користење на онлајн алатките.

Едни од тие беа code.org.

Секоја среда преку zoom ученици од цел свет се вклучуваа на часови по програмирање. Секој час беше спроведен од различни личности – програмери но и јавни личности.

Секцијата по информатика од нашето училиште редовно го следење тие часови. Па ќе ви споделиме некои од нив.

22 април Час со Бил Гејтс

Бил Гејтс зборуваше за пандемијата, како се проценува со помош на програмирањето како ќе расте бројот на заразени  во случај да не се придржуваме на мерките и доколку се придржуваме на мерките. Потоа некои ученици имаа можност и лично да му постават прашања.

 

13 мај

Денес со учениците од 7 одд. учевме за променливи и пресметување. Учевме и за човечките компјутери – жените кои за време на Втората светска војна работеле на сложени пресметки поврзани со нуклеарните реакции. Се запознавме со актерката Yara Shahidi и креаторот на Google Sheets Fuzzy Khosrowshahi.